На влезот од старо Владевци, веднаш до кошаркарското игралиште се гради Детски забавен парк. Активностите се при крај, се поставуваат реквизитите, а ангажираните работници ги изведуваат финалните активности на подлогата.
Овој детски парк е донација од кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Зуо кој при неговата посета на Општина Василево, во октомври минатата година, најави донација на проект од 160.000 денари.