петок, 5 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

среда, 1 мај, 2024 | 17:57
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата.

„Влогот на работниците нивниот труд, солидарност и истрајност најмногу го почувствувавме во најтешките времиња. И не го заборавивме. Го вреднуваме и унапредуваме. СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Тоа беше незамисливо до пред само седум години. И продолжуваме. Си поставивме цел за минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра во новиот мандат. Работниците се двигатели на секоја економија во секоја држава. Затоа не се откажуваме од унапредување на работничките права, растот на платите и обезбедувањето подобро платени работни места“, порача Филипче од Дојран.

Д-р Венко Филипче на денешниот меѓународен ден на трудот потсети дека за седум години просечната плата од 22.000 денари денес е зголемена на близу 40.000 денари, а минималната плата од 8.000 денари денес изнесува речиси 23.000 денари. Тој зборуваше и за невработеноста која од 25% во 2016 година е преполовена на 12,8 %, дека е зголемен животниот стандард и куповна моќ за цели 35% како и тоа дека недела е ден на семејството и е неработен ден.

Грижејќи се за граѓаните Филипче не изуми и на антикризните мерки и обезбедените 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што беше заштитен животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и зачувани работните места.

Д-р Филипче од Дојран зборуваше и следниот мандат кој предвидува програма за млади во која младите до 26 години ќе добиваат по 200 евра за прво вработување, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Д-р Филипче се осврна и на растот на платите на здравствените работници во следниот мандат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Доколку повторно ја добиеме вашата доверба во наредните четири години ќе обезбедиме европски и достоинствен животен стандард за граѓаните. Нека е за многу години денот, Честит 1 Мај, ние ќе продолжиме во духот на социјалдемократијата да го почитуваме и цениме трудот на секој работник“, порача Филипче.

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Next Post

Денеска е Велики Четврток

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist