сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

понеделник, 6 мај, 2024 | 16:43
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, пред струмичани го истакна др. Венко Филипче, кој како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вечерва се обрати на централниот митинг во Струмица.

Филипче истакна дека во изминатите 20 дена се сретнал со многу нови луѓе, запознал и верни членови на СДСМ и вистински социјалдемократи, но и луѓе разочарани од политиките на партијата. Кон нив Филипче упати директна порака:

„Пред сите нив, а сега и пред вас исправено стојам и кажувам: СДСМ нема да ве изневери. Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. Но, не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да нè потценат и уценуваат. Да им се спротивставиме на оние кои сакаат да нè поделат и кумуваат со нашите противници. Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче.

Филипче повика на обединување и мобилизација:

„Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, рече Филипче.

Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на единство во партијата и мобилизација за поддршката за СДСМ, која како што вели, нема да ги изневери граѓаните бидејќи не се работи за победа на избори туку обезбедување на иднината што сите ја заслужуваат.

„Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори. ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти. Тие се како оние продавачи кои ви продаваат производ во темна, затворена кутија во која не се гледа производот. Ви велат, може да ја отворите само после изборите, само откако ќе платите со вашиот глас. А кога некој ви продава производ што не може да го видите, бидете сигурни дека со тој производ нешто не е во ред“, потенцира Филипче.

ShareTweetShare
Previous Post

Максим Димитриевски: Водевме скромна и позитивна кампања кадешто ги промовиравме нашите конкретни мерки од изборната програма

Next Post

Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist