понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ

понеделник, 29 април, 2024 | 11:16
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ
Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ
Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ
Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ

„Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество“. Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на синоќешната трибина со млади во Струмица.

„Едно општество е живо колку што е мотивирана неговата младина. Кога кај младите се јавува апатија, кога кај нив паѓа ентузијазмот и интересот, тоа општество оди во погрешен правец и назадува. Тогаш нема иновација, тогаш нема револуција, тогаш нема жар за напредок”, рече Филипче.

Филипче е свесен дека кај младите постои незадоволство поради потрошените години и бројните обиди Македонија да се ослободи од минатото и да напредува.

„Во Македонија со години се мачиме да излеземе, да се пробиеме, да се ослободиме од минатото и да ја зграпчиме иднината. Младите, со право, очекуваат повеќе. Но младите не смеат да заборават на клучна работа која СДСМ ја почна храбро и, за жал, поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ не ја заврши. А тоа е обезбедување на трајни реформи и можности преку интеграција во Европската Унија. Ова е заложбата на СДСМ за младите и тоа не само за вашата генерација, туку и за сите следни генерации”, потенцираше Филипче.

Во таа насока, Филипче додаде дека СДСМ не ги изневери младите и ќе продолжи да работи на трајна трансформација на општеството која ќе значи подобар живот и можности за секој. Најдобро тоа го знаат младите, кои имаат комуникација со своите врсници и се свесни за придобивките што можат да ги добијат доколку земјата стане членка на Европската Унија, рече Филипче.

„Вие сте млади луѓе комуницирате со вашите врсници од светот, некои веројатно и биле, прошетале, се запознале. Прашајте ги за можностите кои ги нуди ЕУ. Прашајте како нивната земја се променила после влезот во Европската Унија, какви можности добиле тие. На пример во Бугарија, во Хрватска или другите земји кои неодамна се во ЕУ. Ќе видите дека единствен начин вистински, трајно и за сите подеднакво да го подобриме општестовото е интеграцијата во ЕУ”, изјави Филипче.

Тој ги повика младите да не се обесхрабруваат и да не дозволат повремените пречки и порази да ја спречат реализацијата на нивната цел.

„Оваа цел е искрена, правилна и проверено значи подобар живот за сите. Се друго што нуди ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии е несигурен избор и ризик од непозната иднина”, рече Филипче.

Токму затоа ова се избори кои ќе ја поместат земјата и младината од раскрсницата на која во моментов се наоѓа Македонија, а младите ја имаат силата преку својот глас да го направат вистинскиот избор за да продолжиме кон патот што значи посветла и постабилна иднина, рече Филипче пред младите.

„Гласачкото ливче и пенкалото се вашата алатка за создавање на иднината. Ова е вашиот момент да изберете и бирајте мудро. Вашиот избор може да направи монументална разлика. Разговарајте со вашите врсници, вашите семејства, вашите соседи. Кажете им за влогот на овие избори. Мобилизирајте, организирајте и инспирирајте ги сите до кои можете да дојдете. Заедно, можеме да го свртиме бранот на овие избори”, потенцира Филипче.

ShareTweetShare
Previous Post

Цветков: Да си ги потврдиме нашите политики на 8 мај и да не им дадеме шанса на другите да го растурат тоа што досега со голем труд и силна желба го градевме

Next Post

Цеков: ЗНАМ е партија која ги заштитува нашите деца и нашите традиционални вредности како народ

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist