четврток, 30 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
in Вести, Струмица
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

SRnet

Има само 15 години, долго време пишува поезија, создава стихови, со нив учествува на разни литературни манифестации каде освојува награди, а како полуматурант веќе го има своето првенче, книга –  стихозбирка со творби насловена „Филигран од мастило“. Младиот струмичанец Лука Костов синоќа пред бројна публика во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја промовираше токму оваа книга со стихови.

„Неговото филигранство се везе од нишки што се извлекуваат од срцето, од длабочината на погледот, до најтајните одаи на уметничката му душа, се протега конецот што се разлачува преку креативното предиво. Читајќи ги неговите младешки стихови, многу е лесно човек да се потсети на убавината на љубовниот копнеж или на гордоста да се припаѓа во општеството што упорно како возрасен те тера да се откажеш од него, ама како дете, како младич си го воспевал, си го моделирал по сопствено убедување, си го величел“ – кажа рецензентот на книгата, м-р Владе Ефтимов потенцирајќи дека Лука е верен чувар на македонскиот бит, па низ неговите редови и стиховни низи ќе се најдат фолклорни и митски слики директно поттикнати и инспирирани од македонската народна традиција – симболика и поетски слики кои ретко се среќаваат кај помладите креативни дејци.

„Во неговите душевни одаи тлее љубовта кон Македонија, кон социумот во којшто расте и се развива, кон културното и литературно наследство што како Македонец го наследува, дозачинети со религиозната поткованост, посветеност и љубов, квалитети што некако природно ги наследува младиот поет, ако се земе предвид социо-културниот контекст во којшто се развива самиот“ – додаде Ефтимов.

Говорејќи за оваа првенче на Лука Костов, создадено од 40-тина поетски творби, промоторката Даниела Пејева Митева кажа дека со „Филигран од мастило“ младиот поет не само што се претставува пред книжевната јавност, туку и нуди прозорец во еден свет каде младоста не значи повеќе, ниту порив, туку светен, бунтовен, духовен, а сепак негов.

„Поетското првенче на Лука Костов ми наликува на типична младешка поезија. Тој е крик, копнеж, молитва и визија. Сето тоа ткаено во зборови што не се излеваат од мастилница. Во време кога зборот лесно се троши, а мислата често бега, Лука Костов се појавува како глас кој не се плаши да праша, да се сврти кон себеси, да ѕирне во корените и да пее за љубовта, тагата, идентитетот и духовноста“ – кажа Пејева Митева.

Модератор на промоцијата беше Величе Илиева, делови од поезијата читаше Викторија Илиева со музичка илустрација од гитарата на Филип Костов.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

Next Post

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

Related Posts

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist