Фејсбук статус на Владимир Ристов, член на Советот на општина Струмица од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Општински буџетот за 2022 е реализиран единствено во делот на платите и трошоците за одржување.
Капиталните инвестиции се со слаба реализација. Оваа не се само изборни ветувања на Костадинов, туку програми кои се гласани на совет и кои требаше да се реализираат во 2022 година. Парите се потрошени, а проектите не ги гледаме!
Јавните претпријатија тонат во долгови, но затоа ќе отвараат нови без конкретна визија и идеја за Струмица.
Слушнете колку проекти имаат планирано, а колку реализирано“ – пишува советникот Ристов.