Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица во четврток по 15-ти пат ќе го организира фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица 2025“.
Годинава на фестивалот кој е од ревијален карактер, а се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Струмица, ќе се претстават осум музички состави кои ја негуваат македонската староградска песна. Домаќините „Распеани Струмичани“, „Распеани Гевгеличани“, музичкиот состав „Орнаменти“ од Штип, новоформираниот Октет „Струмица“, „Распеани Валандовчани“, „Распеани Радовишани“, Октетот „Прилеп“ и „Шчипјани“ од Штип, а како гости со свои кореографии ќе се претстават и членовите на КУД „Боро Џони“ од Струмица. Влезот е слободен…
Четврток, 29 мај | 19:00 часот | Центар за култура – Струмица