Со пензиите за месец февруари пензионерите ќе може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година, информираат од Владата.
Банките преку филијалите и експозитурите ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
- за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
- за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
- за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).