Вчера во 10:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 00.30 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што од касата одзел пари. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и кај него биле пронајдени дел од украдените пари. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.