Вчера доцна попладнето во 17:40 часот на регионалниот пат Р1402, на делницата од село Габрово до село Банско, К.Д.(63) од Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.




























