Земјотрес со јачина од 2.0 степени според Рихтеровата скала и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во 20:41 часот во Струмица и во околината.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 20 часот и 41 минути регистрираше уште еден земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 118 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0“, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Претходно, во 18:33 часот регистриран е земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.