Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиље реализираше повеќе активности по повод Месецот на книгата и Светскиот ден на детето.
Учениците од петто одделение ја посетија библиотеката „Благој Јанков Мучето“, учениците од седмо и осмо одделение беа посетени од афористичарот Ацо Ѓоргиев и фолклористот Иван Котев со проект организиран од страна на Домот за деца и млади, а во организација на овој Дом ученици учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс.
Во повеќе одделенија се одржаа и работилници, а дел од учениците активно се вклучени во проектот организиран преку здружението за музика, уметност и култура Хармонија Акорд, Струмица со претставата „Розелија и Синило“. Голем интерес учениците покажаа и на конкурсот за пишување на литературни творби на тема „Преку книгата во светот на фантазијата“ што го распиша училиштето, а по повод Светскиот ден на детето.