четврток, 5 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Училиштето „Никола Карев“ промовирано како Регионален центар за стручно образование и обука за југоисточниот регион

среда, 20 декември, 2023 | 17:32
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Училиштето „Никола Карев“ промовирано како Регионален центар за стручно образование и обука за југоисточниот регион

Од 1 јануари училиштето „Никола Карев“ од Струмица ја почнува трансформацијата во Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука за југоисточниот регион „Никола Карев“ Струмица.

Денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица пред голем број гости од образованието и бизнис секторот, од општините и од Делегацијата на Европската унија се одржа Регионална конференција на која беше претставено досегашното Средно општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица како нов Регионален центар за стручно образование и обука за југоисточниот регион кое ќе биде под „државна капа“, а државата ја презема одговорноста за инвестирање во училиштето. Во рамките на проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, Регионалниот центар за СОО во Струмица ќе биде целосно реконструирано.

Људмир Ковачев, проект-менаџер за средно стручно училиште вели дека целта на овој преоект на Европската унија е да се зголеми атрактивноста на средните стручни училишта.

„Регионалните центри ќе имаат клучна улога, не само за средното стручно образование, туку за сите стручни училишта во регионот. Планирано е Регионалните центри да пружат поддршка на сите средни стручни училишта, како и обуки и тренинзи. Регионалните центри треба да имаат блиска соработката со локалната заедница и локалниот бизнис сектор, како и со локалните власти и подрачните единици на министерствата“, кажа Ковачев.

„Освен оваа лидерска улога која ќе ја има овој центар во обезбедување на висококвалитетни вешти и доживотно учење во рамките на стручното образование и обука, наша цел е Регионалните центри за средно стручно образование и обука да промовираат иновации и истражувања. Еден од нашите врвни приоритети е инвестирање во човечки капитал како услов за економски раст и конкурентност. Токму средното стручно образование и обука се клучни за подигање на високот ниво на знаења, вештини и компетенции на средношколците насочени кон  брзо вработување или успешно продолжување на образованието“, кажа Билјана Казанциска, државен секретар на Министерство за обвразование и наука.

На конференцијата се обрати и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов говорејќи за досегашната соработка помеѓу Општина Струмица и СОУ „Никола Карев“ која резултираше со проектите „Шкафче за секој ученик“ и „Униформа за секое прваче“, изразувајќи надеж дека и покрај трансформацијата, таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период.

Селекцијата на училиштата со капацитет за Регионални центри за стручно образование ја прават претставници на Европска Унија во соработка со Министерството за образование и наука.

Во Македонија има осум плански региони и според Националната стратегија на Министерството за образование и наука, во секој регион треба да има еден ваков регионален центар за стручно образование и обука.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Битола 22-годишен струмичанец прегазил пешак кој се здобил со тешки телесни повреди

Next Post

Предновогодишен концерт на битолскиот Камерен оркестар во Струмица

Related Posts

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“
Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

среда, 4 јуни, 2025 | 10:08
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Вести

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

вторник, 3 јуни, 2025 | 19:43
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани
Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Вести

Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

понеделник, 2 јуни, 2025 | 13:14

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist