Утре се навршуваат 81 година од смртта на Народниот херој Сандо Масев од Струмица. По тој повод денеска училиштето кое го носи неговото име го одбележа својот патрон.
Во дворот на ООУ „Сандо Масев“ беше изведена пригодна културно-уметничка програма во чест на патронот, а беше положено и свежо цвеќе од страна на претставници на училиштето, на Општина Струмица, на Сојузот на борците од НОВ и нивни поддржувачи.