Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 л/м²) и ќе преминат во снег во некои реони и на пониските места.
На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен ветер и до 70 km/h.