Утре попладне ќе има локална, а во текот на следната седмица честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура – информираат од УХМР.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.