Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови брзо опаѓање на температурите, поради што на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.
Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините повремено ќе провејува снег.