Денеска ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Од вечерните часови најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд кои ќе се прошират во текот на ноќта и во останатите делови од земјава.
Под влијание на циклонска активност утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали.
Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.