Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре во цела Македонија најавуваат жолто ниво на опасност од високи температури.
Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време, особено во почетокот на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Максималната температура наместа ќе надминува 40 степени.
Од среда попладне, а особено во четврток ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.