Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека утрово во 05:20 часот интервенирале на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица, каде била опожарена помошна просторија од куќа. Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета.
Струмички пожарникари интервенирале денеска и во 13:00 часот во атарот на селото Вељуса, каде била запалена нискостеблеста шума и сува трева.
И вчера имале две интервениции, во атарот на селото Рич каде била запалена нискостеблеста шума и сува трева, и во близина на браната Водоча, таму горела нискостеблеста и борова шума. Сите пожари се навремено и успешно локализирани и ликвидирани.
„И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на интервенции на отворен простор воопшто не се намали. За жал сé уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани“, стои во денешното соопштение на ТППЕ Струмица.