Утре, четврток (4 јули), со почеток во 10:00 часот пред зградата на Општина Ново Село ќе се одржи протест против изградба на топилница за алуминиум на територијата на оваа општина. Главен организатор на протестот е еколошкото здружение „Еко Долина“ од Ново Село, а поддржан е од еколошкото здружение „Здрава Котлина“ од Струмица, локалната еко-политичка организација „Стига е!“ и други еколошки организации. Организаторите на протестот обвинуваат дека топилницата за отпаден алуминиум, која треба да се гради во подножјето на Беласица, кај подгорското село Смолари, на 50 метри од реката Струмица и 80 метри од главната бушотина за водоснабдување на Ново Село, ќе ја загадува животната средина и дека случајот има противзаконски аспект.