Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 март) од 09:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електрична енергија на територијата на општина Василево.
- Добрашинци, Сепарација Добрашинци, Пумпна станица Добрашинци,
- Градашорци – Индустрија 2, Пешо Инженеринг, Жикол, Кланица Василев, Викендици на пат за Добрашинци,
- Турија – Турија Фазанерија, ХПП Турија, ХЕЦ Езотерна, Брана Турија,
- Населените места Висока Маала и Новаа Маала.
Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.