Од ЕВН Македонија за конзумот на КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, утре (петок, 27 јануари) од 09:00 до 10:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат: Основно училиште „Никола Вапцаров“, улиците „Мануш Турновски“, „Младинска“ – на потегот кај училиштето, „Ценка Павлова“ и „Ѓорѓи Василев“ во градот Струмица.