Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (четврток, 4 мај) од 07:00 до 09:00 часот најавуваат прекин на електричната енергија во центарот на градот Струмица, и тоа: булеварот „Ленинова“ (спроти Основен Суд), Фонд за здравство – ПЕ Струмица, Министерство за труд и социјална политика – ПЕ Струмица, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Струмица, нотари и адвокати во зградата до „шумското“, Шпаркасе Банка, мала Пошта, ресторан „ЛаТераса“, сите продавници во зградата на „социјалното“, Ноќен клуб „Аватар“ и сите продавници и кафе ресторани на улицата „Благој Јанков Мучето“, од НЛБ банка до Тобако „Корзо“.