Утре, сабота, ден пред изборите, ќе гласаат болните и изнемоштени лица во земјава. Тие имаа рок до 10-ти октомври да се пријават во Општинските изборни комисии со приложена медицинска документација.
Државната изборна комисија објави дека по извршената проверка, избирачките одбори утре ќе ги посетат лицата во нивните домови за да можат да гласат.
Во струмичкиот регион се пријавени вкупно 1.308 лица, од кои 514 во општина Струмица, 400 во општина Ново Село, 232 во Босилово и 162 во Василево.
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 година изнесува 1.832.415 избирачи.