Утре, среда 12 јуни во периодот од 20:00 до 24:00 часот на територијата на четирите општини во струмичкиот регион, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Доколку временските услови се неповолни, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши кога условите тоа ќе го дозволуваат. Во споменатиот период сопствениците на пчелни семејства, треба да преземат соодветни мерки за да ги заштитат своите пчели.