четврток, 30 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица

среда, 15 ноември, 2023 | 14:47
in Вести, Струмица
Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица
Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица
Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица
Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица

На денешната 30-та седница на Советот на општина Струмица беше усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2023 година. Потврдувајќи го транспарентното и отчетно работење, во образложението пред советниците градоначалникот Костадин Костадинов рече дека во третиот квартал од 2023 година вкупните приходи во буџетот се реализирани 63%, основниот буџет има реализација 55,40%, наменските дотации 72,50%, самофинансирачките активности 47% и кај донациите реализирани се 48% од планираното. Вкупните оперативни расходи се реализирани со 69,59%, а капиталните расходи се реализирани со 47,12% во однос на планираните во буџетот за 2023 година.

На седницата беа изгласани и предлог – планот на Програмите за развој за 2024 година, програмата за одржување на улици и локални патишта во зимски услови за 2023/2024 година, одлуката за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“, решението за формирање на Комисија за селекција на кандидати за управен и надзорен одбор на ЈП „Паркиралишта“ и јавните повици за истите, решенијата за разрешување и именување на член на Комисија за селекција на кандидати за управен одбор и надзорен одбор на ЈСП „Струмица – Транспорт“, за предлагање член во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица и за именување на членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите во општина Струмица.

Усвоени се и програмата за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ за 2024 година, извештајот за работата на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година, извештај за работата на ЈП „Паркиралишта Струмица“ за истиот период и измената на годишниот план за вработување на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2024 година.

На почетокот на седницата, градоначалникот Костадинов им соопшти на советниците дека ќе даде поголема јавност во носењето на Генералниот урбанистички план, Нацрт планот ќе го врати пак во Советот и ќе побара од советниците поединечно да се изјаснат дали во Струмица треба да има тешка индустрија или двојно зголемување на зелените површини.

„Ваквата одлука е донесена заради партизацијата на процесот и манипулирањето на граѓаните од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од Општина Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Двајца струмичани украле стебла марихуана од плантажи за производство на медицински канабис

Next Post

Во Детското одделение на „Општа болница“ Струмица Фондацијата „Елеуса“ донира монитори за интензивна нега

Related Posts

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist