На роденденот на Гоце Делчев, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со ново модерно лого изработено од ликовниот уметник и дизајнер Ване Костуранов од Струмица, а инспирација му е училиштето во кое Гоце Делчев учителствувал, во штипско Ново Село, каде е сместен Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.
„Во анонимното гласање, во кое еден учесник во анкетата можеше да гласа само еднаш, учествуваа 1321 лице, поделени во три групи – вработени, студенти и средношколци. Победничко лого на Ване Костуранов доби 766 гласови, или 58%. Сите целни групи со повеќе гласови (над 55 %), беа за ова решение. Слоганот, кој ќе го придружува избраното лого во комуникација со јавноста гласи: „Избери мудро, делувај храбро“ (Choose wisely, act boldly). Ова е пораката која сакаме да допре до сите, а особено до нашите млади“ – информираат од УГД.