Познатиот ликовен уметник Александар Филев од Струмица, вечерва по апелот за помош на 9-годишната Тијана од Добрејци објави една негова слика за продажба, а оној кој сака да ја купи парите да ги уплати на сметката за помош на Тијана: 200002562973471 во Стопанска Банка. Претходно околу цената контактирајте го Филев преку месенџер на неговиот Фејсбук профил.
Да бидеме хумани од срце, оваа слика е за донација за Тијана кој ќе ја купи, да ми пише во порака и сметката да ја објави“- напиша Филев.