Се реконструира улицата „Славчо Стојменски“ од црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ до СОУ „Никола Карев“ во Струмица.
Комплетно ќе биде реконструирана површина од 730 метри квадратни на која ќе биде отстранет стариот асфалтен слој, оштетениот тампонски материјал, а ќе бидат заменети и дотраените рабници на улицата. За овој зафат од општинскиот буџет планирани се 2 милиони денари.