Полициски службеници од СВР Струмица, постапувајки по судска наредба, денеска извршиле претрес во дом во кој престојувал О.Х. (40) од Струмица, при што биле пронајдени часовници, парфеми и други предмети, кои потекнуваат од кражба извршена на 18.04.2023 година во куќа во Струмица. По целосно документирање на случајот против лицeто ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.