На Денот на лицата со попреченост 3-ти Декември, 23 деца со попреченост од повеќе градови на Македонија, придружувани од познати личности од јавниот живот ќе продефилираат на модната писта која специјално ќе биде направена во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Станува збор за веќе традиционалниот настан – Модна ревија „Убави сме, свои сме“, кој по шести пат го организира Здружението за поддршка и помош на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.
Од здружението ни најавуваат малку поинаков концепт на овој настан на кој учество ќе земат и околу сто деца од основните училишта во општината Струмица, а децата со попреченост, учесници на ова модна ревија ќе бидат облечени во гардероба на познати модни куќи и бутици.