СВР Струмица информира дека синоќа во 19:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 17:20 часот на булевар „Ленинова“ во Струмица, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на М.М.(40) од село Василево, струмичко. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.