Полициски службеници од СВР Струмица синоќа во 21:00 часот лишија од слобода четири лица осомничени за сторено кривично дело „насилство“.
Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, приведени се А.А.(52), О.А.(20), Ј.К.(24) и Д.А.(27), сите од Струмица, кои околу 20:00 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М.
Лицата на новогодишната ноќ се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.