Синоќа во 01:00 часот по полноќ во Струмица, полициски службеници ги лишиле од слобода С.М.(47) од Струмица и К.Ј.(59) од село Босилово, струмичко. Тие се сомничат дека вчера околу 19:00 часот во селото Старо Коњарево, струмичко, со употреба на сила одзеле пари од Љ.Ј. од Старо Коњарево. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.