48-то издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“ во Струмица ќе биде последен тест за македонските одбојкари пред квалификациите за ЕП 2026.
Денеска во спортската сала „Парк“ во Струмица од 19:00 часот, Македонија ќе игра со Косово, а во сабота во истиот термин со Израел. Утре силите ќе ги одмерат гостите на традиционалниот турнир.
Нашиот примач Владо Милев верува дека има елементи што може да ги поправиме до натпреварите со Грузија на 17-ти во Тбилиси и со Грција на 25-ти во Скопје. А шанса за корекција и за напредок е токму турнирот „Чајка“.