Вчера околу 16:00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на денот извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од Пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ – Подружница Јужен Вардар – Гевгелија одзеле повеќе предмети, информираат од МВР. Кај нив биле пронајдени одземените предмети.
Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.