Вчера во 14:40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото, информираат од МВР.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.