Во текот на вчерашниот ден во струмичкиот регион биле регистрирани три пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Во периодот од 11:00 до 14:40 часот еден пожарникар со едно противпожарно возило, еден багер и шест вработени од ЈПКД „Комуналец“ Струмица ја гаселе запалената депонија кај селото Добрашинци. Доцна попладнето од 18:30 до 19:45 часот четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запалено стрниште помеѓу селата Дабиље и Петралинци, додека скоро четири часа, синоќа од 20:50 до 00:25 часот, двајца пожарникари со едно противпожарно возило, во два наврати интервенирале на запалена депонија кај селото Банско.