Вчера попладне околу 13:30 часот на локалниот пат Банско – Моноспитово патничко моторно возило „Опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(24) од Кочани излетало од патот. По незгодата возачот и неговите сопатници С.Б.(19) и 17-годишник, двајцата од Кочани биле пренесени во болницата во Струмица каде од лекар на С.Б. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на возачот и малолетникот им биле констатирани телесни повреди, информираат од струмичката полиција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.