Во недела, 15 октомври со почеток во 18:00 часот во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи трибина за богородичното светилиште Мајка Божја Утешителка – Паљурска.
Предавач ќе биде деканот на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ при Струмичко – скопската епархија, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.
Трибината се одржува во организација на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ при Струмичко – скопската епархија и Радио Марија, а во соработка со парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.