„Оперативниот план за вработување со сите активни мерки за вработување за 2024 година финансиски е за 1,2 милиони евра поголем за разлика од 2023 година и со опфат на нови вработувања. Овде би ги спомнала мерката за самовработување, којашто е исклучително атрактивна за младите и којашто овозможува реализирање на соништата на младите за отворање на сопствен бизниси. За 2024 година имаме 20% поголем финансиски грант којшто државата го дава на младите доколку отворат сопствен бизнис, односно 6.000 евра за еден млад човек или 12.000 евра доколку се содружници двајца или повеќе“, оваа денеска го кажа дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на средба со млади од Струмица со кои разговарала за политиките на Владата кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот на младите.
Тренчевска по средбата со нив на прес конференција кажа дека разговарале и за мерката „Гаранција за млади“, којашто се спроведува во државата иако не сме членка на ЕУ и бевме единствена земја која ја реализираше по пример на европските земји, а од лани и неколку земји од регионот ја спроведуваат заради добрите резулатати која ги дала Македонија.
Таа информираше дека со младите зборувале и за менталното здравје кај младите и донесувањето на Националната стратегија за ментално здравје на млади, која Министерството за труд и социјална политика ја има донесено во соработка со младинските здруженија и граѓански организации во државата.
Тренчевска најави дека во новиот предлог Закон за работни односи се предлага можност за работно ангажирање на млади на возраст од 15 до 19 години во време кога немаат настава, односно во период на зимскиот и летниот распуст.