Традицијата продолжува на Сурва во селото Мокриево, во Подгоријата, се одржаа повторно „Странчинарски игри“. Денеска пред Домот на културата продефилираа десеттина групни маски со поголем број на учесници, а гости имаше од Прилеп и од Петрич, Бугарија.
Посетителите на ова манифестација која прерасна како пагански карневал можеа да ги проследат маските и нивната игра, како и секоја година доминираа страшните маски кои треба да ги истераат лошите сили.
Според традицијата, малите дечиња пивнуваа по малку греана ракија од големите клопотарци на сурварите, обичај според кој се верува дека ќе престанат да пелтечат. Не беа исклучок и повозрасните.
Сурварите од вечерта, спроти Василица, со палењето на огновите, започнуваат со стариот обичај, а од утрово ги обиколуваат куќите и собираат милостина за сиромашните.
На крај денешната заедничката дружба продолжи со делење на качамак, а организаторите подготвија околу 80 килограми и уште толку колбаси за сите посететители.