Традиционална божиќна средба под мотото: „Сите сме исти – сите заслужуваме радост!“
Четврток (09.01.2025 година) 13:00 часот – ресторант „Кај Виктор“ во Босилово.
Настанот има за цел заедно да го славиме Божиќ и да поддржиме инклузивност – пред Бога сите сме исти. Оваа е одлична можност и одличен момент да испратиме силна порака за поддршка на лицата со ограничени можности.
Заедно да го славиме Божиќ, со заеднички ручек, со ора, игри и песна, а за уметничкиот дел се задолжени хорот на Струмичката Епархија, Игор Ангелов и млади таленти од општина Босилово.
Поддржано од Коста Тимов, Општина Босилово, НВО „Говор на срцето“, Фондација „Елеуса“ и Струмичката Епархија.