Во синоќешниот пожар кој се случил по 20:00 часот во куќа на улицата „Пиринска“ во Струмица, во близина на Момин бунар, едно лице загина. Информацијата ја потврдија од СВР Струмица.
„Во моментот се врши увид од страна на Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и полициски службеници“ – соопштија од струмичката полиција.
Во гасењето на пожарот учествувале 9 пожарникари со три противпожарни возила.