Од денеска ТППЕ Струмица по барање на општинските основни и средни училишта, како и повеќе јавни институции и приватни фирми почнува со симулациски вежби за евакуација во случај на пожар и други природни непогоди, информираат од Противпожарната единица на Струмица.
Од таму најавуваат дека ваквите вежби ќе се спроведуваат еднаш неделно, во континуитет, а секоја институција може да се обрати до нив и да ја исполни својата законска обврска за годишни вежби за евакуација.
„Ги замолуваме граѓаните доколку ги слушаат сирените и ги забележат противпожарните возила и пожарникари-спасители пред овие институции да не создаваат паника“ – стои во соопштението на ТППЕ Струмица.