Од Противпожарната единица на Струмица со информација за попладневниот пожар кај градските гробишта во Струмица.
„Пожарот кај градските гробишта кој со неверојатна брзина се прошири на блискиот рид над нив и кон Софилар им направи голем проблем на пожарникарите-спасители, пред се на полигонот за паинтбол во кој беа запалени преку сто автомобилски гуми и стари автомобили при што на двајца пожарникари-спасители им беше укажена медицинска помош од страна на екипа на Брза помош, поради вдишување на поголеми количини чад. Од таму пожарот со огромна сила и интензитет почна да се движи кон викендиците. Некои од нив до кои немаше пристапен пат за жал беа зафатени од оганот. Големиот дел објекти се спасени“ – соопштија од ТППЕ Струмица, изразувајќи голема благодарност до сите припадници на МВР, ТППЕ Валандово, ЈПКД „Комуналец“, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвен крст и Брза помош.
Пожарот е ставен под контрола…