СВР Струмица информира дека вчера околу 11:30 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, кај место викано „Шепово“, во близина на селото Костурино, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарска ознака, кој влечел полуприколка, управуван од В.П.(50) од Костурино и мотоцикл „Кавасаки“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(38) од Струмица. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.