Од струмичката полиција информираат дека вчера утрото околу 08:00 часот на регионален пат во близина на селото Белотино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.М.(28) и патничко возило „пасат“ со словенечки национални ознаки, управувано од П.С.(31), двајцата од село Рич. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.