Вчера околу 13:15 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село кај селото Ново Село, патничко возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од Габрово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во струмичката болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.